По пријава на МВР за исчезнато лице, до Дирекцијата за заштита и спасување е побарано за почнување потрга по лицето П.Д. на возраст од 25 години од Битола.
Тимот за спасување на планини од ДЗС беше мобилизиран и заедно со други припадници од МВР и граѓани доброволци, го пронајдоа исчезнатото лице во планина помеѓу селата Лавци и Брусник.
Акцијата од страна на ДЗС е успешно завршена во 14:00ч.