Македонец и Албанец станаа Ром и Турчин? Антикорупциска бара да се укине пополнувањето на работни места според етничка припадност

Ист кандидат на ист оглас на Државна комисија за спречување на корупција се пријавил за 5 работни места со 3 различни изјави за етничка припадност, во зависност од тоа како се барало според огласот. За едно работно место бил Ром, за друго Турчин, за трето Македонец, објави „Сител“.

Најдобро рангиран бил на позицијата советник за спречување на корупција како кандидат со ромска националност.

На огласот за советник за информатичка технологија победил Албанец кој се пишал како Турчин. Ова е злоупотреба на уставно загарантираното право на етничка припадност како и на алатката за соодветна и правична застапеност на етничките зедници во администрацијата, реагираат од ДКСК.

Поради ваквите злоупотреби, антикорупционерите бараат да се укине пополнувањето на работни места според етничка припадност.

„Навистина, прашањето е во отсуство на МЕРИТ систем за вработување, како нашиот систем функционира во државата и овозможува луѓето да се понижуваат, да се запишуваат тоа што не се само да дојдат до парче леб. Ова е политичка одлука за која громогласно кажуваме, да се укине!“, изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, пренесува „Сител“.

 

извор: „Сител“.