Во Италија ќе се одржат предвремени избори по оставката на премиерот Марио Драги, јавува Агенција Анадолија (АА).
Владата на Драги падна по 18 месеци бидејќи три од десет коалициски партнери ја повлекоа својата поддршка.
Повлекувањето на популистичките и десничарските партнери: Движењето 5 ѕвезди, Лигата и Форца Италија, создаде криза бидејќи повеќе нема мнозинство во Парламентот.
Претседателот Серџо Матарела на 21 јули го распушти Парламентот со образложение дека нема мнозинство за формирање нова влада и најави предвремени избори на 25 септември.
Ова ќе бидат деветти предвремени избори во земјата каде што владите во просек траат нешто повеќе од една година.
Последните предвремени избори во Италија беа одржани во 2008 година кога левичарската коалициска Влада предводена од Романо Проди пропадна истата година.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).