Го претекнале возилото пред себе па потоа удриле во камион, две лица загинале!

Настраданите и повредените се движеле со комбе со гороњомилановачки регистерски таблички кое се обидело да го претекне возилото пред него на пат низ Расна, но во тој момент удрило во камион кој се движел по својата лента од спротивната насока.

Според се уште непотврдени информации, со комбето во несреќата патувала музичка група наводно од Горњи Милановац.

Пожарникарите од Пожега морале да ги исечат урнатините за да ги извлечат телата на повредените. Повредените се пренесени во Општата болница во Ужице, а двете настрадани им подлегнале на повредите на лице место.

Сообраќајот на овој патен правец Пожега – Ужице во моментов е во прекин поради истрагата која е во тек, а од Расна во двата правци се протегаат бескрајни колони возила.

 

blic.rs