Бројот на загинати во поплавите предизвикани од врнежите од “епски размери” во источен Кентаки пораснал на најмалку 16, а под вода се бројни улици и куќи, соопштиле локалните власти.
Полицијата и трупите на Националната гарда, вклучувајќи ги и спасувачките екипи од соседните држави, користеле хеликоптери и чамци за да спасат десетина луѓе од поплавените куќи и возила во регионот Апалачки планини во Кентаки, пренесува “Reuters”.
Во меѓувреме се појавила снимка до 17-годишната Клои Адамс, која со часови на кровот на куќата на соседите со своето куче чекала да дојде помош.
Клои го ставила своето куче во пластичен сад кој можел да плови и така пливале до кровот на куќата на соседот, која буквално само “ѕирка” од водата.
Таткото на Клои вели дека ја спасил човек на кајак, а нејзиниот дедо, со кој живее, исто така успеал неповреден да се спаси. Додека била на кров, Клои снимила што се случува, а снимката ја објавиле американските медиуми.
tocka.mk