Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на една од најуспешните жени во македонската историја, Илинка Митревa. Искрено сочувство до нејзиното семејство.
Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност останува трајно богатство за државата и македонската дипломатија, но и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон земјата и кон граѓаните.
Нека почива во мир, напиша на својот ФБ профил премиерот Димитар Ковачевски.
извор: ФБ Димитар Ковачевски
фото: Архива