(ВИДЕО) Бикови влетаа во публиката на корида во БиХ, луѓето бегаа

Наместо  традиционалната Чевљана корида која не се одржа ниту годинава, во Бакиќи кај Олов во Босна и Херцеговина се организираше корида, пишува Аваз.ба.

Но, се беше одбележано со инцидент кога два бикови ја пробија заштитната ограда. Оградата била пробиена за време на тепачката меѓу биковите Жуја и Бриезоња, по што настанало стампедо.

Гледачите почнаа да бегаат во паника, многумина се криеја зад паркирани автомобили.

https://www.youtube.com/watch?v=RX9Uy4BfAns&feature=emb_imp_woyt

 

index.hr