Македонија ѝ ги донирала четирите воени авиони „СУ-25“ на Украина

Четирите воени авиони „СУ-25“ кои Македонија ги купи од Украина за четири милиони евра за време на конфликтот во 2001 година, биле донирани на Украина, објави „МКД.мк“.

Засега од Министерството за одбрана не ја демантираат објавената информација, ниту пак истата ја потврдуваат.

МКД.мк“ објави дека од Министерството за одбрана им одговориле дека сите детали за одлуките, нивната содржина и објаснување ќе бидат транспарентно објавени во следните денови.

Во претходните денови неколку тенкови ѝ беа донирани на Украина.

извор: МКД.мк“ 

фото: Сител