ЈП Национални шуми: Реонските шумочувари повторно со полни раце работа

0
402

Во предвечерието на 4ти август, во атарот на село Кнежино, во Шумско стопанската единица Дреново, оддел 13, со која стопанисува подружницата Лопушник од Кичево, од страна на реонските шумочувари повторно се затекнати лица кои бесправно превезуваат буково огревно дрво, нежигосано и без испратница.
По извршената редовна контрола, бесправно посечените дрва се одземени, а против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
ШУМА – подрачје густо обраснато со дрва, живеалиште за животинскиот свет, фактори во кружењето на водата, запазувачи на почвите.
Национални шуми повторно апелира, да ги сочуваме нашите шуми за идните генерации.
JП Национални шуми