Татко на петорки, Џордан Дрискел предизвика жестока дебата откако сподели видео на Инстаграм како ги шета своите петгодишни деца на поводник.
Иако го користи поводникот за да се погрижи децата да не побегнат, да не залутаат или да се изгубат, луѓето го осудија.
На снимката се гледа како Џордан држи пет јажиња, секое поврзано со појасот што го носел едно од неговите деца.
„Кога луѓето ме осудуваат дека користам поводници за моите деца. Дојдете да прошетате една милја во моите чевли“, напишал Џордан, чие видео брзо стана вирално и имало многу расправии.
„Подобро е да се спречи отколку да се лечи. Да имав толку деца, ќе го направив истото“, „Со пет деца ти треба ова. Ти си одговорен родител“, „Откако моето двегодишно дете се обиде да излета на улица, користиме поводник“, „Гледате дека безбедноста на децата е приоритет, браво тато“, му напишале оние кои веруваат дека каишките никако не им штетат на децата.
Сепак, имало уште многу кои не се за овој метод и го нападнаа Џордан затоа што ги третира децата како животни.
„Дали се спасени од улица“, „Тие се луѓе, а не кучиња. Како да ги научите на улични манири“, „Следниот пат кога ќе сакате, да ги обучите да влечат санка“, „Полесно би било да немате толку многу деца “, велат тие.
View this post on Instagram