Пронајдена дрога во Тетовско, приведени седуммина

Полицијата од СВР Тетово во период од 23:00 до 03:00 часот утрово во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане лиши од слобода вкупно седум лица кои поседувале дрога, информира Министерството за внатрешни работи.

При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, „Фолксваген голф” и „Туран” со тетовски регистерски ознаки и „БМВ” со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин, марихуана и дробилка.

-Лишени од слобода се Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С., Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово, А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија. Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Осомничените треба да одговараат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик.

фото: Архива