Едно лице загина во пожар во куќа во Дојран

0
262

Од РЦУК Струмица информираат дека избувнал пожар на двоспратна куќа во С.Дојран.

„Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата. Во пожарот има и една жртва.

Во интервенцијата учествуваат ТППЕ Гевгелија со 4 пожарникари, еден ПП м.в и четири од доброволно ПП друштво од Дојран со едно возило“, известуваат надлежните служби.

Моментално се догаснува пожарот. Повеќе информации следуваат откако ситуацијата ќе се нормализира.

фото: Архива