Алармантна објава на OMV: „Не можеме“

0
362

Ниското ниво на вода на Рајна доведе до драстично намалување на количината на производи што се испорачуваат по реки.

Германската филијала на австрискиот енергетски концерн ОМВ потврди за Блумберг дека нивните рафинерии не можат да ја задоволат зголемената побарувачка за нафта за греење и дизел во јужна Германија, пренесува Јутарњи лист.

„Во јужните делови на Германија има недостиг на горива како дизел и мазут бидејќи залихите се ограничени поради критично нискиот водостој на реката Рајна“, јави Блумберг, кој има потврда од OMV дека „внимателно се следи тековната потрошувачка на мазут и дизел“, а зголемената побарувачка на гориво ја оценува како „резултат на недостигот на пазарите предизвикан од кризата со прекумерни шпекулации и акумулација на залихи“.

„Поради нискиот водостој на Рајна, кој е главниот коридор за транспорт на нафтени деривати во Европа, OMV групацијата десеткратно го зголеми увозот на гориво преку Дунав“, пишува Bloomberg, повикувајќи се на податоците на OMV.

 

jutarnji.hr