Нова жртва на измама во Грција – платиле 430 евра но, на договорената адреса немало ниту трага од домаќинот

Бранислав Маниќ од Панчево е нова жртва на измама во Грција.

Пред неколку дена резервирал сместување во грчкото летувалиште Ситонија, кое уредно го платил преку апликацијата Ербнб. Одморот за него и неговото семејство чинел 430 евра во вила која ја закупиле за три ноќевања, објави Република.

Меѓутоа кога пристигнале на адресата која била наведена на апликацијата, ги дочекало непријатно изненадување. Домаќинот Џорџ, како што пишувало за време на резервацијата, сепак не ги дочекал.

Кога пристигнавме, видовме дека домаќинот го нема, мобилниот телефон беше исклучен, а самата вила не постои. И така останавме на улица без 430 евра кои ги плативме за три ноќи. Пазете да не завршите како нас- го раскажал своето искуство Бранислав.

извор: Република.

фото: Република.