Недалеку од Шибеник на северниот дел од Далмација се наоѓа место како откинато од рајот. Малото градче Пировац важи за мирно и тивко место кое посебно ужива во летниот период.
По одвојувањето од Јадранска магистрала кон десно започнува редот куќарки кои вешто се испреплетени со морските води а до неговиот центар е носат улички кои се с благи надолнини со оглед на местоположбата во која се наоѓа.
Главнит дел на Пировац е распослан крај самата морска шир, со пристаништето кое се протега веднаш во морето и многубројните бротчиња кои мамат воздишки и погледи а оддаваат слика на мир и спокој.
Наоколу се наоѓаат бројни локали од угостителски објекти, кафе барови, локални продавници но и многубројни сувенирници, места од каде ќе понесете спомен за Пировац.
Пировац е населено место и центар на истоимената општина во северна Далмација, дел од Шибеничко-книнската жупанија, Република Хрватска. Според прелиминарните податоци од последниот попис во 2021 година, во општината живееле 1.605 жители.
Пировац се наоѓа на околу 23 километри северозападно од Шибеник.
До територијалната реорганизација во Хрватска, населбата се наоѓала во поранешната голема општина Шибеник.
View this post on Instagram
News1