Лондонски музеј ќе и врати на Нигерија 72 уметнички дела

0
262

Музеј во Лондон денеска соопшти дека се согласил да ѝ врати на Нигерија артефакти ограбени во 19 век од поранешното Кралство Бенин, област која сега припаѓа на југоисточна Нигерија.

Музејот Хорниман во Лондон соопшти дека 72 објекти во иднина ќе бидат во сопственост на нигериската влада, пренесе Би-би-си. Предметите вклучуваат 12 месингани чинии познати како Бенински бронзи, месинган петел и клуч од кралската палата.

Барањето да им се вратат предметите го упати нигериската Државна комисија за музеи и споменици во јануари.

Лондонскиот музеј соопшти дека се консултирал со членовите на локалната заедница, посетителите на музејот, студентите, академиците и уметниците во Нигерија и Велика Британија пред да ја донесе конечната одлука.

„ Во предвид беа земени нивните ставови за иднината на објектот во Бенин, како и нивното потекло“ ја објаснија својата одлука од музејот.

Исто така, управата на музејот соопшти дека е „морален и соодветен чин“ да се вратат предметите.

фото:TRAASGPU.COM