(ВИДЕО) Македонецот кој беше спасен од морето во интервју за грчки медиум: Тоа беше најлошиот роденденски подарок

Триесет годишниот Иван од Скопје, кој пред еден месец заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажа во Халкидики, за грчката телевизија „Скај“ ја раскажа својата голгота.

31-годишниот Мартин Јовановски, неговиот пријател, сепак сè уште не е пронајден.

„Вториот ден кога видов дека сите бараат на погрешни места, тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат“, открива Иван за медиумот.

30-годишникот повеќе од 20 часа поминал во море, сам и беспомошен.

„Тоа беше најлошиот роденденски подарок“, признава тој за грчката телевизија.

видео: SKAI.gr