Македонија урива рекорди породи катастрофалното справување со економската криза. Македонија е меѓу земјите со најголема инфлација во Европа. Големиот процент на инфлација го јаде и така кревкиот животен стандард на граѓаните, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Неуспешното справување со инфлацијата од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и од страна на Народната банка нѐ искачи веќе подолг временски период на врвот на листата во Европа според висината на стапката на инфлација.
И во јули, според објавените податоци за годишната инфлација (на 21 држава), Македонија е на 4-тото место. Вкупно 17 држави имаат пониска инфлација, а само три имаат повисока инфлација од регистрираната во Македонија. Годишната инфлација во Македонија е и двојно повисока од годишната инфлација во Албанија во јули 2022 година.
Ова покажува дека животот поскапе значајно повеќе кај нас дома отколку во Европа. Воедно, ако на ова додадеме дека порастот кај платите не ја следи стапката на инфлација во повеќето сектори во економијата, тогаш јасно е дека народот е значајно осиромашен.
Наместо мерки за спречување на економската криза и помош за граѓаните и најранливите категории, државата се решава да удри директно по џебот на граѓаните и со зголемување на даноци да го полни испразнетиот буџет.
Оваа Влада ни донесе национална и економска катастрофа. За излез од оваа економска катастрофа која и се случува на државата и за запирање на сите национални предавства потребни ни се предвремени парламентарни избори“, се потенцира во партиското соопштение.
Извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива