Ловецот на богатство на каналот „Дискавери“, Дарел Миклос, ги користи тајните мапи на астронаутот на НАСА Гордон Купер (1927-2004) за да бара бродоломи во Карипското Море. За време на последниот потфат за серијата „Куперовото богатство“, на непозната локација во регионот на Бермудскиот триаголник, во близина на Бахамите, тој го откри, како што тврди, првиот доказ за вонземјани кои ја посетиле Земјата пред стотици, ако не и илјадници години.
„Се обидував да ги идентификувам потонатите бродови користејќи ги информациите за аномалија на мапите на Гордон кога забележав дека нешто излегува.
Формацијата не личеше на ништо што сум го видел досега додека барав остатоци. Беше огромна. Изгледаше како пет краци кои излегуваат од стрмна карпа, а секое од тие краци имаше димензии на топ од воен брод“. истакнува Миклош.
Тој тврди дека постојат идентични формации во три различни области и дека не изгледаат како да се создадени од природата, но ниту изгледаат како да се дело на човекот. Истражувачот открил други чудни и необјаснети формации околу главната форма, сите покриени со густи корали, за кои верува дека се стари стотици, ако не и илјадници години.
Фасциниран од откритието, Миклош решил по враќањето посериозно да ги погледне документите на Купер и да бара нови одговори.
Потоа открил дека астронаутот ја означил локацијата како „неидентификуван објект“ на една од гореспоменатите мапи и не ги спомнал историските остатоци.
„Разбрав дека таму има нешто друго и дека Гордон го мислеше тоа“, вели Миклош.
„Гордон веруваше во вонземјани. Веруваше дека луѓе од други планети го посетуваат и веруваше дека многу од тие работи завршија во овој дел од светот“, додаде тој.
Гордон Купер беше еден од седумте астронаути во проектот „Меркур“ и последниот Американец кој сам полета во вселената. По завршувањето на неговата кариера во НАСА, тој отворено зборуваше за своето верување во НЛО и тврдеше дека владата прикрива информации за вонземски активности. Видеото погледнете го ОВДЕ.
maskimagazin.faktor.mk