Уште два брода кои носат над 63.000 тони жито испловија од Украина

Уште два брода со пченка и пченица денеска заминаа од украинските пристаништа, според договорот за деблокирање на извозот на украинско жито, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Бродот „Сормовски“ под знамето на Белизе кој носи 3.050 тони пченица, замина од пристаништето во Черноморск за Текирдаг, северозападна Туркије.

Другиот брод, „Стар Лаура“, под знамето на Маршалските Острови, исплови од пристаништето во Јужни со 60.000 тони пченка за Иран.

На 22 јули, Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за повторно отворање на три украински пристаништа на Црното Море за извоз на украинското жито блокиран поради војната во Русија и Украина, која трае веќе шести месец.

За надгледување на процесот, Заедничкиот координативен центар во Истанбул беше официјално отворен на 27 јули, составен од претставници од три земји и ОН за да се овозможи безбеден транспорт на комерцијални прехранбени производи и ѓубрива со трговски бродови.

Првиот брод замина од Украина на 1 август според договорот со посредство на Туркије.

 

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).