Граѓанското иницијатива “За Наше Куманово” започна со организација за време локалните избори во Куманово, на истите учествуваше со своја понуда и програма, ги освои симпатиите на граѓаните и убедливо победи, се вели во реакцијата на Максим Димитриевски за денешните текстови во јавноста за формирање на политичка партија.
Во реакцијата Димитриевски додава:
Пред неколку месеци и официјално оваа здружение на граѓани е регистрирано со сите органи и тела на локално ниво и е исклучиво насочено кон реализација на ветените проекти кои се од витален интерес за граѓаните на општина Куманово. Јас досега неколку пати кажав дека постои иницијатива од повеќе општини во Македонија оваа локално здружение да прерасне во републичко, со крајна цел да учествува на следните парламентарни избори како реално граѓанско политичко движење од граѓаните за граѓаните. Во тек се консултации со истакнати личности од општествениот живот, експерти, интелектуалци, стопанственици, лекари, уметници, студенти, пензионери, земјоделци, работници, општественици и други кои сакаат да дадат свој допринос во формирањето на граѓанското движење. Кога ќе се формира, кое ќе биде името на здружението и дали ќе прерасне во нов политички субјект засега не би коментирал, шпекулирал или прогнозирал. Кога ќе се донесе одлуката јавноста ќе биде навреме информирана.
Што се однесува за вклучувањето на поранешниот претседател на РМ г-дин Бранко Црвенковски, кој особено го почитувам до овој момент со него на оваа тема и за оваа иницијатива немам разговарано, вели Димитриевски.
Инаку дознаваме дека при крај се процедурите за формирањето на нова партија. Името дознаваме ќе биде „За наша Македонија“. Зад партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури.
извор: NEWS1.MK