Евакуиран аеродромот во Камбера поради пукање

Аеродромот на австралиската престолнина Канбера е евакуиран поради пукање, јавува австралиското издание „Стандард нет“. Според информациите има еден приведен. Се работи за наводниот стрелец.

Очевидци велат дека слушнале најмалку осум до 10 истрели во близина на шалтерите за пријавување на патници. Нема повредени. Полицијата потврди дека имало инцидент на аеродромот, но не соопшти детали.

Патниците кои веќе се качиле во авиони подготвени за полетување останале заглавени во леталата кои не можат да полетаат поради прекинот на работата на аеродромот поради инцидентот. Според австралиското издание на „Дејли мејл“, летовите од и до аеродромот се привремено прекинати. Аеродромот е опколен со полициски автомобили.

 

sitel.mk