Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти.
Така, сега за опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари.
Од книжарниците, кои се најпосетувани дестинации во овој период од годината, информираат дека цените на училишните материјали се зголемени од 50 до 60 отсто за разлика од минатите години односно пред почетокот на пандемијата.
Според информациите што МИА ги доби при обиколката на книжарниците, семејствата кои имаат прваче ќе треба да одвојат околу 3.500 денари за моливи, пенкала, боички, ножички и несесер со вклучен прибор, од 500 до 1000 денари за тетратки, а трошоците за ранец се движат од 700 до 3.000 денари во зависност од моделот и квалитетот.
MИА