More

    (ВИДЕО) Товарни возила останаа заглавени пред Стража

    Поради врнежи од снег од доцна попладнево е воведена забрана за сообраќај на товарни моторни возила на превојот Пресека и на патните правци Гостивар – Стража и Крак Маврово – Дебар. Но оние кои се затекнаа на патниот правец охрид Кичево, останаа заглавени непосредно пред превојот Стража. Патот е прекриен со снег и до овој момент никој не го чисти.

    АМСМ информира дека денеска од 17:40 се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крак Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег.

    Од 18:00 часот се воведува забрана за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и на превојот Пресека.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, велат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img