Стопанската комора за енергетика на Македонија најавува организирање на иницијатива за одземање на сите лиценци на ЕВН и на целокупниот имот на оваа компанија. Во среда оваа комора ќе одржи вонредно Собрание на кое иницијативата ќе биде единствената точка во дневниот ред.
Во среда Стопанската комора за енергетика на Македонија во среда ќе одржи вонредно собрание со единствена точка „Покренување на иницијатива и почеток на собирање на потписи на граѓани и компании“ за одземање на сите лиценци на ЕФВН во Македонија.
Од оваа комора велат дека покрај лиценците се бара и национализирање и враќање во електро дистрибутивната мрежа во државна сопственост; одземање на цел имот на ЕВН ( хидроцентрали, објекти, згради и останато ) и враќање во државна сопственост; враќање на нелегално стекнати финансиски средства, како и парични казни за направените штети на граѓаните и компаниите во државата.
Покрај ова, со иницијкативата се бара и утврдување и покренување на кривични постапки „против сите лица инволвирани во нелегално стекнати имоти и финансиски средства на ЕВН и нејзините подружници“.
По донесените заклучоци од седницата на собранието, ќе се отпочне на правен и легален начин собирање на потписи кои сметаме дека ќе ја надминеме потребната бројка од 10.000 потписи и веруваме дека за овој државен проблем треба да се потпишат сите граѓани, велат од Стопанската комора за енергетика на Македонија.
извор: Стопанската комора за енергетика на Македонија