Во американскиот град Њујорк синоќа се одржа „Diner en Blanc“, најголемата гурманска сензација во светот, известува Агенција Анадолија (АА).
Концептот на манифестацијата е многу едноставен – учесниците треба да се облечени во бело, а нивните маси, столчињата, прекривките за маси и останатиот прибор исто така треба да се во бела боја.
„Diner en Blanc“ се одржува во повеќе од 120 земји во светот, а во Њујорк се врати по две години, пауза која беше воведена поради пандемијата на коронавирусот.
Овогодинешната манифестација се одржа во Брукфилд Плејс (Brookfield Place).
извор:Агенција Анадолија (АА).