Целосна лага е дека Финансовата полиција и МВР по наредба на ОЈО го „треселе“ градот Скопје, уште помалку дека „влегле“ во градот како што наводно „дознале“ од порталот „Република“. До овој момент, ниту градоначалничката, ниту било кој од вработените во градската администрација не бил повикан да даде изјава, тврдат од Град Скопје, во демантот упатен до редакцијата.
Од информациите кои се достапни и за јавноста, до овој момент Финансовата полиција и МВР по наредба на ОЈОГОКК ја проверуваа документацијата за предметната јавна набавка во просториите на ЈП „Водовод и Канализација“.
Единствено што во моментов „се тресе“ се рачињата кои беа затекнати во медот. Жалиме што меѓу останатите, се „тресат“ и рачињата на „лидерот“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе од веројатно бил запознаен со тендерската постапка за изведувач на пречистителната станица во вредност од најмалку 136 милиони евра. Впрочем, Христијан Мицкоски во своето последно обраќање пред јавноста на интервју во „Телевизија 21“ покажа дека е детално информиран за набавката за која разрешениот директор на ЈП „Водовод и Канализација“ Златко Перински тврдеше дека е доверлива, велат од Град Скопје.
извор: Град Скопје