Доаѓаат празници и сите знаеме што значи тоа, особено родителите. Време е да направите списоци со желби и да почнете да купувате подароци.
Мајка од САД, Каја Џејмс, решила на своите следбеници на TikTok да им ги открие желбите на својата ќерка, а видеото за три дена е прегледано повеќе од 12 милиони пати. Луѓето не можат да бидат изненадени од барањата, а една работа е особено загрижувачка.
„Списокот на мојата 10-годишна ќерка кој мисли дека сум богат“. Тоа е пораката објавена со урнебесното видео, а на врвот на долгата листа очекувано го нашол iPhone 15.
Мајката веднаш нагласила дека детето нема да добие скап телефон и продолжи со читање.
Признаваме дека девојката има исклучителен вкус, бидејќи набројува патики од Диор, чевли Ugg, Nike патики, нараквица Кендра Скот, ланче Azalea… Но, тоа не е крајот!
Покрај скапите чевли и аксесоари, наведени се подарок картички од брендовите Lululemon, Sephora и Starbucks.
На списокот се најде и фотоапарат од Polaroid.
Шокираните корисници коментираа што бара 10-годишното девојче без да споменат играчки!
„Што им се случува на денешните деца“, напиша една личност, а нејзината порака ја сумира целата приказна.
telegraf.rs