Излезе од затвор и ја запоси својата 23 години помлада девојка

Поранешниот тенисер Борис Бекер наводно се свршил со својата 23 години помлада девојка по тајно запросување.

Германскиот весник Билд пишува дека пензионираниот тенисер ќе се ожени по трет пат. Неговата девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро (33), менаџер за проценка на политички ризик, е со Бекер веќе неколку години. Тие заедно се преселиле во Милано по неговото ослободување од затвор каде што отслужил осум месеци од неговата две и пол годишна затворска казна за измама во личен банкрот.

Магазинот „Бунте“ објави дека Бекер на неговото заминување во 2022 година рекол: „Преживеав поради нејзината љубов. Да, таа е големата љубов на мојот живот. И се надевам дека секогаш ќе бидам со неа“. Според Дејли Мејл, венчавката се очекува во текот на следната година.

Монтеиро, која има три дипломи и зборува пет јазици, потекнува од угледно семејство. Бекер, тениската легенда, за германски Бунте изјави дека таа е љубовта на неговиот живот.

Поранешната тениска ѕвезда сега живее со својата девојка во стан во центарот на Милано, а се вели дека Бекер ја запросил Монтеиро во катедралата во Милано во 2021 година – но секоја надеж за свадба од бајките пропадна поради претстојната затворска казна.

Ова ќе биде трет брак за Бекер, тој и неговата сопруга Лили Бекер се разделија во 2018 година по девет години заедно.

 

reporter.mk