Полициска акција во моментов се одвива во затворот Идризово.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, претресот во казнено поправната установа почнал утринава, а како што велат од МВР, целта на акцијата е пронаоѓање на предмети за кои постои сомнеж дека со нив биле сторени кривични дела, објави Сител.
Од полицијата велат дека акцијата е во тек, па повеќе детали за неа најавуваат во текот на денот.
Обезбедувањето на затворите не е обврска на полицијата. За редот во казнено поправните установи задолжена е затворската полиција.
фото: 24 инфо