Почина родилката која пред 12 дена скокна од скопска гинекологија

39 годишната родилка им подлегнала на повредите стекнати при скокањето од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Веста за Канал 5 ја потврдија членови на нејзиното семејство.

Фаталниот настан се случи на 2 јули околу 21:30 часот а 12 дена подоцна родилката почина.

Веднаш по настанот Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

извор: Канал 5