Триесет семејства останаа без покрив над главата поради поплавите во Босна и Херцеговина

0
361

Најмалку 30 семејства во Босна и Херцеговина (БиХ) останаа без покрив над главата поради поплавите, соопштија властите на оваа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Земјата се бори со поплави предизвикани од поројните дождови.

Според властите, повеќе од 400 домови и деловни објекти беа поплавени, а 30 домови станаа неупотребливи во североисточната општина Челиќ.

Десетици семејства останаа без дом откако излеаните води од реката влегоа во нивните домови и работни простории.

Голем дел од земјоделското земјиште исто така е оштетено.

Се проценува дека за обнова на штетите во регионот се потребни 3,5 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од годишниот буџет на општината.

Стотици градби се поплавени по излевањето на неколку реки во североисточниот дел на Босна, а метеоролозите најавуваат нови врнежи.

Уништени се комерцијални објекти и неколку автомобили. Локалните власти прогласија состојба на природна катастрофа.

Силни и поројни врнежи предизвикаа големи штети и во општина Сребреник, каде голем број на објекти се поплавени.

Во Зворник, во источниот дел на БиХ, поплавени се големи земјоделски површини, објави хрватскиот портал Индекс.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).