Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ќе предложи измени на правилата за снабдување со електрична енергија со кои Електродистрибуција ќе биде обврзана најмалку квартално, односно еднаш на три месеци да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија наместо еднаш годишно, како што е сега.
Ова е договорено на денешната средба меѓу претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и народниот правобранител, Насер Зибери што се одржа во просториите на Народниот правобранител на барање на омбудсманот.
-Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случи , на примеr, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари, доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании – рече Бислимоски.
фото: Архива