1.815 должници – правни лица, со имиња и презимиња – објавени луѓе и фирми

Познати фирми, од кои некои се во фокусот на интересирањето на јавноста поради нивната поврзаност со звучни имиња од македонската бизнис и политичка сфера се најдоа на најновата листа на должници што во петокот ја објави Управата за јавни приходи. На оваа листа има вкупно 1.815 должници – правни лица, за 32 повеќе од претходната листа, како и 3.683 физички лица, за 54 повеќе од претходната листа, објави nezavisen.mk.

Како што соопшти УЈП, вкупниот нето долг на сите должници од „црната листа“ изнесува фрапантни 9.067.088.954 денари (или 147,4 милиони евра. Освен висината на долгот загрижува и податокот дека нивото на обврските на фирмите и на поединците се повеќе се зголемува, односно долгот сега е за 872.182.529 денари (односно за нешто над 14 милиони евра) повеќе од претходната листа.

Долгот се однесува по повеќе основи – за Данок на додадена вредност, данок на добивка, данок на доход и придонеси, потоа ПДД по други основи, неплатена царина, ДДВ при увоз и за акцизи.

Листата на должници може да се најде на следниот ЛИНК.

 

текстот во целост на: nezavisen.mk