Таткото на починатото новороденче денеска реагираше до редакцијата на „Телма“, по утринската програма во која гостуваше докторка која зборуваше околу овој случај.
Тврди дека кај мајката претходно не била евидентирана никаква бактерија и сите исппитувања биле уредни… Информира дека првично мајката требало да се пораѓа со царски рез. Но, вели не знае од кои причини докторката која ги примила на приемно одделение одлучила сепак да се пораѓа во природен пат. Се сомнева дека во болницата во Прилеп не ја кажуваат вистината за целиот случај и дека не му е јасно како здраво родено дете кое треба да добие отпуст од болница, добило сепса.
Претхдодно, свое сведоштво до јавноста имаше и мајката:
извор: „Телма“