Во текот на оваа пролет големи се условите за позитивно отстапување на температурите во нашиот дел од Европскиот Континент, односно условите за позитивно отстапување на температурите на 2 метри висина се дури за повеќе од 70% за остварување.
Оваа пролет ќе имаме многу топли денови, често ќе имаме и натпросечно високи температури како што погоре напоменавме и ќе бидеме под влијание на јужните топли струења.
Што се однесува до врнежите, тие ќе бидат околу, или над просекот. Тоа значи дека како ќе се загрева Атмосферата со топлото време и со се повисоките температури на воздухот, така ќе се создаваат се поголеми услови за формирање на нестабилни Атмосферски процеси, односно грмотевични облаци.
Оваа пролет повремено очекуваме и појава на временски непогоди со појава на град и силен ветер.
НАПОМЕНУВАМЕ: Поради тоа што се работи за долгорочна и сезонска анализа на времето за период од 3 месеци, секако дека се можни отстапувања или промени во временската состојба. Затоа нашите граѓани најдобро е редовно да ги следат нашите краткорочни анализи на времето кои секојдневно ги објавуваме преку МетеоАларм, и истите се со можност за остварување за повеќе од 90%, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.