Мајката со синовите погребана на локалните гробишта, како и другите жртви од масакрот во Цетиње

Вук Бориловиќ (34) во петокот во Цетиње уби 10, а рани шестмина од нив. Бориловиќ прво го убил тричленото семејство Мартиновиќ, мајката Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), како и нејзините два малолетни синови на возраст од осум и 11 години.

Потоа го убил Милан Митровиќ (37), како и вујко му Горан Ѓуришиќ (54), кој се обидел да го спречи во крвавиот поход. Потоа ги уби Рајка Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), како и сограѓаните Данијела Радуновиќ (51) и Александра Радуновиќ (52).

Денеска ќе бидат погребани Наташа Пејовиќ Мартиновиќ и нејзините синови Милан Митровиќ, Горан Ѓуришиќ, како и Димитрије, Даница и Рајко Дрецун.

Медицинската сестра Наташа, која пред смртта успеа да му се јави на сопругот Милош Мартиновиќ и да му каже дека и двајцата синови им се убиени, ќе биде погребана со синовите денеска во 15 часот на гробиштата во Бајице. Вујкото на убиецот ќе биде погребан во Градац, а семејството Дрецун, Димитрије, Даница и Рајко ќе бидат погребани во 16 часот во селото Љубоштиње.

Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост по страшниот масакр во Цетиње.

 

24sata.hr