(ВИДЕО) Алфа: Љупчо Палевски Палчо е во Минск – Белорусија?

0
507

Алфа јавува дека Љупчо Палевски Палчо, од Македонија пребегал во Белград, од таму во Истанбул, а од таму пак стигнал во Минск – Белорусија.., Според Алфа, потерницата е објавена откако тој стигна во Белорусија.

Инаку дури вчера, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

-За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.