ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ и ДУИ да се огради и да се извини за скандалот кои се случи на партиската забава на ДУИ

Од скандал до скандал за прославата за Рамковниот договор. Илјадници евра потрошени за партиска прослава на ДУИ, на која се исвиркуваше македонскиот јазик, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Два дена без никаква реакција од власта за овој скандал на приватната забава на власта. Ковачевски, Груби и останатите функционери од оваа неспособна власт треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава. За оваа прослава се потрошија над 100 илјади евра за пејачи и гоштевање на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза. Додека во Тетово нема вода за пиење, додека десетици села во полошкиот крај газат во кал, додека во Арачиново абер нема од ветената канализација, криминалците од ДУИ и СДСМ трошат пари на граѓаните за партиски забави, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ден, без скандал на криминалната и тендерашка власт на СДСМ и ДУИ. Потребни се брзи парламентарни избори за да се стави крај на ова неодговорно владеење, додаваат од таму.

извор: ВМРО ДПМНЕ