(ВИДЕО) Руска тврдина среде море, место каде се истражувале заразните болести и откриена е вакцината против чума

0
302

Центарот на илегалната рејв и техно култура и забави, но и веројатно најинтересното место каде што се истражувале заразните болести и каде е откриена вакцината против чума.

Тврдината била изградена на вештачки остров во 1845 година со цел да ја заштити империјата.

Во Финскиот залив, помеѓу Санкт Петербург и Кронштат, се наоѓа утврдување кое го носи името на рускиот цар Александар I.

Вештачкиот остров на кој е изградена тврдината е направен така што низ гредите се пробива до дното за да ја „држи“ основата која била направена од бетон, песок и слоеви гранит.

За време на својата турбулентна историја, тврдината била поморска извидничка точка, место за фрлање шут, грутки јаглерод и други материјали, центар за нелегална рејв и техно култура и забави, но и, веројатно најинтересното, место каде што се истражувале заразни болести. Таму е истражувана и откриена вакцина против чума.

Комплексот се состои од главна зграда со централен плоштад. Елиптичната зграда од три ката можеше да собере 1.000 војници, а може да се сместат и стотина топови. Иако тврдината е во одлична позиција за одбрана на градот, таа никогаш не била во директна борба.

Токму затоа што не се „покажа“ како корисно воено утврдување, веднаш влезе во потесниот избор за место каде што би можеле да се најдат истражувачки центар и лаборатории.

Кон крајот на 19 век докторот Александар Јерсин го открил патогенот на чумата (1884), а руската влада веднаш формирала посебна комисија за спречување на ширењето на болеста и научен тим кој ќе се занимава со „бактериологија “.

Фото: Youtube/screenshoot