Џил Бајден е позитивна на коронавирусот

Сопругата на американскиот претседател Џозеф Бајден, Џил Бајден е позитивна на коронавирус, јавуваат светските медиуми.

Според пишувањата на странските медиуми, сопругата на американскиот претседател Џо Бајден (Џо) има благи симптоми и ќе остане во приватна резиденција во Јужна Каролина.

– Ќе се врати во Вашингтон откако ќе закрепне и ќе добие два последователни негативни теста – соопшти Белата куќа.

Неодамна, американскиот претседател Џо Бајден имаше коронавирус, но имаше само благи симптоми и брзо и успешно закрепна.

фото:  Erie Times-News