Слика на францускиот претседател Емануел Макрон покриен со цветни венци по скоро цело тело „на големо“ се споеделува на социјалните мрежи, но како што пишува „Ројтерс“ корисниците на „Твитер“ и другите социјални мрежи се измамени да мислат дека тоа е реално.
Ројтерс објавува дека посетата на Макрон е снимена на почетокот на неговото официјално патување во Француска Полинезија на 24 јули.
На „изменетата“ фотографија се гледа како Макрон стои на асфалтот на меѓународниот аеродром Фаа по пристигнувањето, при што е пречекан од повеќе тамошни претставници и накитен со цветни венци кои допираат до неговите колена.
На Твитер, една верзија на сликата доби дури 30.000 лајкови, додека стотици корисници на Фејсбук исто така ја споделија сликата користејќи натписи на различни јазици.
vesnik.com