Четворица малолетници се тешко повредени, откако утрово малолетник со форд мондео удри во метална канделабра и бетонска жардињера, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
– На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.”Мајка Тереза”, со ул.”Тодор Александров” и ул.”Белградска” патничко моторно возило “форд мондео” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера, информираат од полицијата.
Од таму додаваа дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември” и Комплексот клиники “Мајка Тереза”.
Станарите од околните згради за Скопје Инфо, сведочат дека страшен звук ги разбудил утрово. Телата на повредените биле извадени од возилото од страна на протижпожарната служба, додаваат тие.
skopjeinfo.mk