Патник низ времето со морниччави предупредувања дека Земјата ќе распука и ќе излезат ужасни суштества!

‘Почеток на крајот!’

Еден човек, познат само по неговото корисничко име „hiddengod1“, доби голем број следбеници на социјалните мрежи поради неговите апокалиптични предвидувања. Тој тврди дека има информации од „патници низ времето“, кои сега, кога се ближи крајот, решил да ги сподели со целиот свет, пишува Дејли Стар.

Во видеото кое собра милиони прегледи и половина милион „лајкови“, тој тврди дека апокалипсата ќе започне во јули оваа година.

– Предупредување до сите. Во документите на патникот низ времето се запишани овие датуми кои сите треба да ги запомните – вели гласот на почетокот на снимањето и веднаш продолжува:

– На 14 јули САД ќе го погоди најголемиот земјотрес во историјата. Земјата буквално ќе се подели на половина. Но, тоа не е крајот. На почетокот на август, два милиони луѓе само ќе исчезнат од Земјата. Никој нема да знае што се случило – предупредува овој човек.

– Таму, во октомври, од утробата на Земјата ќе се појават ужасни суштества наречени ‘stalkeri(демначи)’. – вели човекот на крајот.

Иако повеќето негови следбеници признаваат дека оваа содржина ја гледаат исклучиво од забава и се свесни дека се работи за измама, сепак мала група од следбениците од неговите предвидувања се загрижени.

– Светот се менува пред наши очи. Работите што се случуваат во последните години можеби се знак за почеток на крајот – пишува мала група „верници“.

 

 

pink.rs