Прoнајден кокаин во Струмица, приведен дилерoт

0
209

Полициски службеници од СВР Струмица на 20.08.2022 во 23.50 го лишиле од слобода А.И.(47) од с.Добрашинци, струмичко. При преглед кај него и во неговото возило „шевролет“, како и при преглед на теренот на излезот на Струмица кон Валандово биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин. Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени едно пакување кокаин и други предмети поврзани со делото. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

sitel.mk