Бухова повеќе не е директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Доктор Ирина Бухова повеќе нема да ја извршува функцијата директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пишува „Фактор“.Нејзиниот мандат истече уште на 5 април годинава, но досега се бараше нејзина замена.Извори за „Фактор“ рекле дека „одредени структури во Министерството за здравство добиле ‘партиска задача’ да најдат замена, уште во април“.Засега не се знае кој ќе ја замени Бухова, а според пишувањата на порталот таа веќе била известена дека е сменета.

фото: Архива