Синот на Балашевиќ стана татко – на свет дојде ќерката Вера

0
300

Продуцентот Алекса Балашевиќ, наследник на познатиот музичар и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, вчера за првпат стана татко.

На свет дојде ќерката Вера. Бебето и мајката се чувствуваат добро, а девојчето ги израдувало родителите неколку дена пред терминот.

Алекса заедно со сопругата Николина го избрал името за наследничката.

Двајцата се венчаа неодамна во црквата Свети Сава. Продуцентот и автор на филмот „Мегдан“ пред неколку години ја запроси сопругата во Израел, а за овој чекор долго чекаше дозвола.

фото:Story.rs