Вредноста на еврото денес падна под еден долар, за прв пат од средината на јули, поради очекувањата дека американската Централна банка (ФЕД) ќе продолжи со квантитативно заострување на монетарната политика во борбата против инфлацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Единствената европска валута утринава накратко падна на 0,9990 долари на лондонската берза, бидејќи загриженоста за глобалните економски изгледи ги поттикна инвеститорите да се свртат кон доларот за своите набавки.
Курсот на еврото со месеци паѓа и сега е на исто ниво со доларот.
Кон крајот на јануари, објавата на американската Централна банка (ФЕД) дека започнува серија конзистентни и значајни зголемувања на каматните стапки предизвика зајакнување на доларот.
Еврото во последните четири недели изгуби 2,06 отсто од вредноста, а падна за 14,78 отсто во последните 12 месеци.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).