Утре нов увид на автопатот Струма каде загинаа 45 македонски државјани

0
355

Преживеаните и роднините на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за несреќатата. Икстражители од Перник утре повторно ќе прават увид на местото, ќе го анализираат патот, кривините, ознаките и какво било одржувањето на патниот правец. Адвокатот кој ги застапува оштетените вели ќе се испитува не само местото туку и неколку километри пред и потоа за да се добие реалната слика за состојбата на патот. Тврдат дека вината не може да биде само кај возачот на автобусот на Беса Транс, одговорност бараат и кај Агенцијата за патна инфраструктура.

Кобната делница од автопатот Струма сега изгледа поинаку, во меѓувреме адвокатот вели агенцијата за патишта направила некои измени во однос на ознаките, банкините. Димитров смета дека токму сето тоа точно ќе покаже што претходно недостасувало на оваа делница и дали тие недостатоци биле причина повеќе за да настане несреќата. Дополнително се бараат одговори што се случило со личните предмети на загинатите, бидејќи како што тврдат роднините, патниците на себе носеле вреден златен накит кој никаде не е регистриран ниту пак некој им го предал.

Во декември, истрагата покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот. За резултатите од повторениот увид ќе бидат потребни неколку месеци смета адвокатот. Во автобусот на Беса Транс загинаа 45 патници а 7 беа потешко повредени. Со месеци трае предистрагата во македонското обвинителство кое треба да утврди како автобусот на Беса транс успеал со фалсификат документи да ја мине државната граница повеќе од 120 пати.

сител.мк