(ВИДЕО) Грција погодена од силно невреме, регистрирани 50 илјади громови во туристичките места

Силни грмотевици, молњи, громови, ветер и дожд ја погодија Грција во поголемиот дел од туристичките места што се популарни и кај Македонците.

Деновиве во Грција има силно невреме, а погодена е од 50.000 громови, според податоците од 24-ти август до попладневните часови.

Солун, Атина, Халкидики, Тасос и некои од другите острови се соочија со силни дождови и ветрови, а како последица улиците се поплавени и уништени се објекти и плажи, но засега нема информација за повредени. На поголем дел од местата, ситуацијата со времето е веќе смирена.

https://www.youtube.com/watch?v=2e2TJo54rPU&feature=emb_imp_woyt

фото: Grcka info